Омикрон видот на Ковид-19 регистриран во Велес, Кавадарци и Неготино

Објавено на 12 јануари, 2022 во 11:50

Според податоците на последниот извештај на Институт за јавно здравје, кога се направени исптувања на 152 позитиви примероци на SARS-CoV-2, на омикрон варијантата откриени се пет позитивни велешани, двајца кавадарчани и еден неготинец.

„Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на ИЈЗ, во периодот од 05-10.01.2022, направено е секвенционирање на вкупно 152 позитивни примероци на SARS-CoV-2, а во 104 од нив (68 проценти) е детектирана Омикрон варијантата, пишува во извештајот на Инстут за јавно здравје.

Омикрон варијантата на Ковид-19 се шири многу брзо но голем е бројот на заразени луѓе кои имаат лесна клиничка слика. Во споредба со делта сојот, омикрон варијантата покажува до 90 отсто помала хоспитализацијата и смртноста.

Инаку досега во Македонија кај 104 заразени граѓани е тектирана варијантата омикрон и тоа во 12 градови од кои во Скопје 48, во Охрид 27, во Кочани 7, во Тетово 6, во Велес 5, во Пехчево, Штип, Гевгелија, Кавадарци по два и во Виница, Неготино и Битола по еден заразен пациент.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.