ООУ „Панко Брашнаров“ го повтори минатогодишниот државен успех, учениците Ангелески прв и Ѓуров трет на натпреварот по географија

Географите од велешкото ООУ „Панко Брашнаров“ и годинава се радуваат на постигнатите резултати на Државниот натпревар по географија што се одржа на Универзитет Скопје. Од веќе создадениот ученички тим особено посветен на овој предмет во основното образование двајца ученици на училиштето му донесоа две државни награди.
Прво место и државна награда освои ученикот Дамјан Ангелески од IX а со менторот професор Мирослав Велковски и со државна награда за освоено трето место ученикот Евгениј Ѓуров од VIII б одделение со менторот, професор Коста Шупевски.
„Двајцата ученици покажаа одлични резултати во натпревар на кои имаа силна конкуренција од вкупно 244 ученици од основни училишта во Македонија“, соопштија нивните ментори.

Првите честитки до учениците и колегите стигнаа од директорката на ООУ„Панко Брашнаров“, Валентина Стефанова.
„Наградите се плод на континуирана работа како на учениците така и на нивните ментори, поточно моите колеги. Не се сомневав дека нашето училиште ќе постигне резултати бидејќи ја следев работата на посветените ученици и нивни наставници. Учениците вложија голем труд надополнет со поддршка, комплетна посветеност на менторите, на наставниците и на училиштето. Им честитам и искрено посакувам по стапките на овие ученици да продолжат и останатите талентирани млади географи како и учениците по други предмети во наставата. Честитки упатувам и до сите останати колегите кои неуморно се залагаа и учествуваа на другите натпревари како и освојуваа многубројни награди. Сите ние сме тим кои многу ветува во иднина и заеднички чекори по патот на остварување на своите цели,“ додаде Стефанова.
Убавка Јаневска
