Опаѓа бројот на ковид пациенти во велешка болница

Објавено на 28 декември, 2021 во 15:31

Од вкупно 26 ковид пациенти само 12 се позитивни на вирусот денеска во ЈЗУ Општа болница Велес. Еден не е потврден додека 11 се негативни. Во изминатите 24 часа нема примен позитивен пациент додека еден е испишан од лекување од болницата.

-На кислородна поддршка се 7 пациенти. Една пациентака е транспортирана во приватна клиника во Скопје, соопшти д-р Елена Левкова Ќулимова портпаролка на ЈЗУ Општа болница Велес.

Од вкупниот број на пациенти 15 се на Инфективно одделение додека 11 на Б оддел на Интерно одделение.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.