Општина Кавадарци издала над 50 решенија за поставување на фото напонски панели
Во Општина Кавадарци барања за поставување на фотонапонски панели за производство на електрична енергија од обновливи извори кои се поставуваат на објекти имаат поднесено вкупно 56 лица, од кои, 52 се правни лица, а черири се физички. За истите барања е одлучено со решение од градоначалникот. Во процес на издавање на решенија се уште девет барања, од кои седум се поднесени од правни лица, а две од физички лица, информираат од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
Вкупната инсталирана моќност за сите одобрени барања и они кои се во процес за поставување на фотонапонски панели, изнесува 17,7 М/W.
Барања за изградба на фотонапонски панели за производство на електрична енергија од обновливи извори што се градат на градежно земјиште, имаат поднесено вкупно девет баратели, сите правни лица. Во процес се уште две барања поднесени од страна на правни лица. Вкупната инсталирана моќност на фотонапонските централи за кои се издадени одобренијата за градење или е во тек постапката по истите, изнесува 16,1 М/W, информираа од кабинетот на градоначалникот.
Оттаму нагласија дека оваа бројка е јасен показател дека Кавадарци брзо и сигурно станува ,,зелен град”, што се повеќе преминува во користење на со чевата енергија, за производство на електрична енергија за домаќинствата и индустријата.
Ангел Данов