Општина Велес ќе организира осмомартовски базар, отворен јавен повик за поставување на тезги

Објавено на 27 февруари, 2024 во 12:27
Фото: Архива на Дума.мк

По повод 8- ми Март, Меѓународниот ден на жената, локалната самоуправа ќе организира Базар. Сите заинтересирани граѓани, правни и физички лица може да поднесат барање за тезга во Граѓански сервис центар.

-Во барањето треба да наведат на која од двете локации, Младински парк и плато пред Основен суд Велес, да ги постават тезгите. Заедно со барањето правните лица треба да достават копија од тековна состојба, додека физичките лица е потребно  да достават копија од лична карта, соопштија од Општина Велес.

Осмомартовскиот базар, граѓаните ќе можат да го посетат во среда, четврток и петок, поточно ќе започне на 6 март и ќе трае до 8 март.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.