Осумнаесет години затвор за Ангелче Николов кој ја прегази малата Магдалена (видео и фото)

Објавено на 17 март, 2023 во 14:05

Осумнаесет години затворска казна, денеска, доби дваесет и осум годишниот Ангелче Николов кој возејќи пијан удри во малата Магдалена и нејзината мајка, по што девојчето почина на местото на несреќата во Велес. Тој по излежувањето на затворската казна доби и пет години забрана за управување на возило.

При објавувањето на пресудата во Основен суд Велес, Судиката Грабриела Гајдова, образложи дека обвинетиот по сторување на делото безобзирно го напуштил местото на настанот, воопшто не се обидел да ги острани и поправи штетините последици предизвикани со неговите дејствија.

-Се однесувал игнорански и кај него отсуствувал позитивен став кон она што го сторил. Се криел повеќе од 30 часа, не се заинтересирал што се случило со оштетените Емилија и Магдалена, дали на оштетената Емилија во деновите после настанот и е потребна било каква помош. Во овој контекст неговото самопријавување во истекот на повеќе од 30 часа судот воопшто не го цени како олеснителна околност. Судот го зема предвит и поранешниот живот и личност на обвинетиот особено фактот што тој е претходно во два наврати осудуван за сообраќаен прекршок, при што му се изрекувале закани за управување со моторно возило еднаш во траење од една година и еднаш во траење од три месеци, што укажува дека се работи за лице што има ниско ниво на сообраќајна култура, не ги почитува сообраќајните прописи и очигледно изрекувањето прекршочни санкции не влијаеле на неговото предизвикување, додаде Гајдова.

Адвокатот на семејството на Магдалена, Јанаки Митревски рече дека од кривично правен аспект е задоволен и како адвокат и позитивно изненаден од одлуката. Во продолжение слушнете ја целата изјава на Митревски.

Инаку, несреќата се случи на 17 декември, минатата година, на улицата „Борис Трајковски“ во близина на училиштето „Васил Главинов“ во Велес. Тогаш Николов пијан и со голема брзина на пешачки премин удри во малата Магдалена и во нејзината мајка, по што девојчето почина на лице место. Во тој момент сега обвинетиот Ангелче Николов не застанал на местото на тешката сообраќајна несреќа туку продолжил да вози и по криење од органите за прогон по два дена се сам се пријавил во Полициска станица Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.