Осветлени буквите од постаментот на влезот во Велес

Објавено на 19 април, 2022 во 14:44
Фото: ЈКП „Дервен“

Буквите од постаметот „Велес – Veles“ поставен на влезот кај Спомен костурницата, во текот на вчерашниот ден биле осветлени со лед осветлување, соопштија од Јавно комунално претпријатие „Дервен“.

-Велес е градот што го сакаме! Единствен ни е, да го чуваме. #СакајГоВелес, пишува во објавата на ЈКП „Дервен“.

Инаку овој постамент, во месец март, доброволно беше бојадисан од страна на велешаните Даниел Ристовски, Љупчо Јовановски и Горан Јовановски. Тие испратија порака до младите сограѓани да се чуствуваат општествено одговрни и заеднички да ја чуваме урбаната опрема во градот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.