Отворен ден на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес, 9то одделенци беа гости (фото и видео)

Објавено на 23 мај, 2023 во 13:39

Велешката Гимназија ги отвори вратите за учениците од деветто одделение. На штандови во училишниот двор и во кабинетите најстарото средно училиште во градот ги презентираше насоките во кои ќе можат да се запишат и да го продолжат образованието учениците.

Во кабинетот по македонски јазик деветоодделенците се запознаа и со неколку проекти кои гимназијата ги спроведуваше како воннаставни активности. Презентацијата ја водеа ученици кои учествуваат во проектните активности. Наставниците ментори ги надгледуваа.

Учениците заедно со наставниците, ментори, и во училишниот двор на штандови се потрудија да го престават во најдобро светло училиштето и гимназиското образование. На училишната бина настапуваа талентирани ученици за музика.

Директорот на СОУ„Гимназија Кочо Рацин“, Илија Попов вели дека во изминатите две недели вработените и учениците се подготвувале за денешната презентација.

Деветоодделенците доаѓаа во групи и секоја од нив, според интересот за упис во средното училиште, беше прифаќана и информирана за се што покажа интерес.

Отворениот ден на велешката Гимназија за сопствена презентација го искористија и високообразовните институции во државата. Нивен интерес беа учениците од четврта година чии број во училишниот двор беше голем.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.