Отворен ден на ССОУ „Димитрија Чуповски“ во Велес (фото и видео)
Деветто одделенците од сите основни училишта во Велес и околните општини, денеска, беа гости во ССОУ „Димитрија Чуповски“ каде имаа можност да ги посетат и разгледаат штандовите на кои се презентираа сите струки во училиштето. Од страна на учениците од хемиското училиште, основниците, преку разни примери и игри беа информирани за струките за коишто се заинтересирани.
Учениците, исто така, имаа можност да ги посетата кабинетите и лабораториите во училиштето каде се изведува наставата. Таму, имаа можност детално да видат како тече и практичната настава.
Директорот на хемиското училиште „Димитрија Чуповски“, Петре Жабев рече дека овој настан се организира со цел преку дружба и забава подобра да се промовираат струките коишто ги нуди училиштето.
Во хемиско – технолошката струка може да се запишат вкупно 50 ученици и тоа во профилите техничар за заштита на животна средина којшто е во соработка со ЈКП „Дервен“ како и месопреработувач/пекар во соработка со „Агриа“. Потоа, во здравствената струка може да се запишат 102 ученици во профилите медицинска сестра, фармацевтски техничар, медицински лабораториско-санитарен техничар, физиотарапевтски техничар и гинеколошко-акушерска сестра. Додека во струката лични услуги, спаѓа профилот техничар за козметичка нега и убавина во којашто може да се запишат 34 ученици.
На отворениот ден во хемиското училиште свои штандови имаа и социјалните партнери на училиштето како и високообразовните институции, поточно Технолошко техничкиот факултет од Велес и факултетот за туризам и менаџмент од Скопје.
Првите уписни рокови се на 20и 21 јуни како и 27 и 28 јуни, годинава.
Стефани Манева
Фото галерија: