Отворена дискусија со Д-р Александар Колев во Јуроп хаус организирана од Младински центар Велес

Објавено на 5 април, 2024 во 14:24

Велешанецот Д-р Александар Колев кој беше дел од медицинскиот тим кој ја направи првата трансплатанција на срце во земјава, во понеделник, на 8 април, ќе одржи отворена дискусија по повод 7 април, Светскиот ден на здравјето.

Оваа дебата е организирана од страна на Младински Центар Велес во соработка со Europe House Veles, а целта на настанот е да се отворат теми важни за значењето на здравјето.

На дискусијата учество може да земат сите заинтересирани граѓани, но поради ограничениот број на места потребно е да се регистрирате. Линк за регистрација -> Твоето здравје,твое право 

Отворената дискусија ќе се одржи во Europe House Veles со почеток во 18:00 часот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.