Витанов: На вчерашниот митинг на СДСМ во Велес беа навредени и понижени сите граѓани
Раководтсвото на СДСМ и коалиционите партнери не вчерашниот митинг во Велес стоеја под албанските знамиња кои беа многу повеќе од македонските и со тоа ги навредија и понижија сите граѓани. Со вакви критики денеска излегоа од ВМРО ДПМНЕ.
– На митингот кој го одржа во Велес, пред најстарата гимназија на Бакланот, пред споменикот на основоположникот на македонската современа поезија, револуционерот Коста Солев Рацин, Од центарот на Македонија згазија врз ликот и делото на Гемиџиите, на велешките илинденци Алабакот, Докурчев и Офицерчето, на Брашнаров, Џинот и Чуповски, на Оливер Китановски и останатите бранители така што испратија пораки за предавство и директно ја потврдија нивната цел: федерализација на Република Македонија и воведување двојазичност на целата нејзина територија, рече Јордан Витанов.
Според ДПМНЕ меѓу присутните на вчерашниот митинг на опозицијата, најмалку имало велешани, сите останати биле групи што не биле од Велес.
Инаку митингот на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија ќе се одржи вечер на плоштад Сармаале со почеток во 19 часот./Д.С