Реакција на ВМРО ДПМНЕ на прес конференцијата на СДСМ во Велес
Уште една изборна манипулација подготвува СДСМ кога говори за некаков си план за живот, реагираат од ОК на ВМРО ДПМНЕ во Велес.
„Кога Панче Иванов и СДСМ говорат дека ќе направат во секое семејство да има просечни примања од по 1.000 евра, на Велешани им одзвонува едно друго слично ветувања од пред неколку години дека ќе вработат по еден член од секое семејство. Пред 10-тина години беше еден нововработен од секое семејство, денес на сцена е лагата за 1.000 евра во секој дом“ пишува во реакцијата на ОК ВМРО ДПМНЕ.
Од таму изборната програма на СДСМ ја нарекуваат „памфлет од измами и лажни ветувања“. ВМРО ДПМНЕ смета дека граѓаните биле мудри и знаеле да оценат,што е реално а што лажно ветување и порачуваат дека за политичарите требало да зборуваат делата. Тие потсетуваат на затворените фабрики и отпуштени работници во Велес и на неизградениот пат од Велес до Прилеп./Д.С