Патничко комбе удри во железничко превозно средство на преминот на пругата кај поранешна „Порцеланка“

Објавено на 5 јануари, 2023 во 12:39
Фото: Архива на Дума.мк

Во сообраќајната незгода што пред дваесетина минути се случила на железничкиот премин кај поранешна „Порцеланка“ според првичните информации на Итна медицинска помош има многу повредени и нивни екипи се наоѓаат на лице место. До сега, 12 повредените пациенти се транспортирани во велешка болница.

Патничкото комбе коешто удри во железничкото превозно средство е во сопственост на автопревозник „Лаби“.

Екипа на Дума.мк е веќе на местото на незгодата со повеќе информации во најскоро време.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.