Пет нови хоспитализирани ковид пациенти, за 24 часа, во велешка болница
На трите одделенија во велешка болница, денеска хоспитализирани се вкупно 66 пациенти од кои 56 се позитивни или за пет повеќе во споредба со вчерашниот ден. Денеска сомнителен е еден пациент или за еден помалку од вчера додека девет пациенти или четири помалку во споредба со вчерашниот ден се со негативен тест но се задржани на болничко лекување.
– На кислородна поддршка денеска се 37 пациенти или четворица повеќе од вчера. Од вкупниот број на болнички ковид пациенти 66, денеска на Инфективно одделение се лекуваат 40, во Модуларна болница 20 и на Интерно одделение 6 пациенти. Од болницата денеска се испишани четири пациенти со по еден негативен тест, рече Елеонора Јовановска портпаролка на ЈЗУ Општа болница Велес.
Вчера на кислородна поддршка беа 33 пациенти. На Инфективно одделение се лекуваа 38, во Модуларна болница 21 и на Интерно седум пациенти. Од болницата беа испишани двајца пациенти како оздравени, со по еден негативен тест.
Убавка Јаневска