Петре Жабев нов директор на велешкото хемиско училиште

Објавено на 11 мај, 2023 во 10:29

Централниот регистар вчера го регистрираше дипломираниот професор по физичко и здравствено образование, Петре Жабев, за нов директор на ССОУ „Димитрија Чуповски“ во Велес.  На Жабев, четири годишнио мандат официјално му е започнат од вчера иако Министерот за образование Јетон Шаќири го назначи на оваа функција со решение од 28 април, годинава. Тој е избран од училишниот Управен одбор за кандидат за директор а нему конкуренција му била в.д директорката Маја Хеско.

Професор Петре Жабев е надворешно решение за оваа фунцкија и на местото директор доаѓа од ООУ „Блаже Конески“ каде во изминатите 20 години беше професор по физичко и здравствено образование.

Назначувањето од страна на Министерот Шаќири следи откако му беа одземени надлежностите на градоначалникот на Велес, Марко Колев, да именува директор во ова средно училиште.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.