Петрушев: „Од мене и семејството малку, од Господа повеќе“ (фото)

Објавено на 19 јануари, 2022 во 14:22
Фото: Дејан Петрушев, фаќач на светиот Крст во Велес, во 2019 и 2020 година

Сто топли порции посен оброк како и пакетчиња за најмилите беа хуманитарно доделени од страна на велешанецот Дејан Петрушев којшто во 2019 и 2020 година на овој голем христијански празник, Богојавление „Водици“ пливаше во водите на река Вардар и прв стигнуваше до светиот Крст. Тој годинава повторно учествуваше на манифестацијата а потоа пред гостилница „Боем“ донираше оброк за социјално загрозени семејства од Велес. Дума.мк го праша Петрушев што го поттикна на овој ден да биде донатор на храна за граѓаните во Велес.

Фото: Топол оброк од Петрушеви за велешани

-Бог се јави, навистина се јави! Посакувам многу здравје, среќа на сите граѓани и овој убав празник да го славиме побројни, без пандемија и најбитно со многу љубов кон верата. Бидејќи две години по ред го фаќав светиот Крст, решив заедно со мојата сопруга да поделиме 100 топли оброци за загрозени семејства од Велес, како велат од нас малку од Господа повеќе. Првата година кога го фатив крстот не бев женет, во годината ми се исполнија сите желби, по втората година ја добив и мојата ќерка, таа љубов е незаменлива и ја посакувам на секој, додаде Петрушев.

Фото: Топол оброк од Петрушеви за велешани

Петрушев потекнува од семејство чиишто родител, татко му, триесет години учествувал на манифестацијата Богојавление „Водици“ во фаќањето на светиот Крст. И затоа упати апел кон сограѓаните за што помасовно учество со што никогаш нема да се прекине традицијата на оваа манифестација во градот.

Еден од неговите животни планови на овој велешанец е и понатаму да биде дел од граѓаните што ќе се пријавуваат на оваа манифестација а доколку се случи по трет пат тој да биде најсреќниот, во чии раце ќе заврши светиот Крст, тогаш сите финансиски средства да ги донира за сиромашните граѓани во нашиот град.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.