Плинска боца предизвикала пожар во куќа

Објавено на 6 септември, 2024 во 11:40

Пожарот во семејна куќа на улица „.Илинденска“ во Неготино, настанал вчера вечер, околу 21:28 часот. Интервенирале пожарникарите на Територијалната противпожарна единица Неготино. Тие го изгаснале огнот. Нема повредени лица.

Пожарот бил пријавен во ОВР Неготино чија увидна екипа излегла и направила увид во куќата. Од превземените мерки било констатирано дека пожарот го предизвикала плинска боца.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.