По повод 21 август, ден на Општина Чашка, традиционално се одржа крводарителска акција
Објавено на 23 август, 2021 во 11:33
Почитувајќи ги сите мерки и протоколи за заштита на јавното здравје, најхуманите граѓани од Општина Чашка, на 21 август, сабота, даруваа крв и беа собрани вкупно 31 крвна единица. Оваа крводарителска акција се организира традиционално по повод Денот на Општина Чашка.
Крводарителската акција веше во организација на Црвен Крст на Република Северна Македонија – Општинската организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, помогнати од Општина Чашка и ООУ „Тодор Јанев“.
Ова е трета крводарителска акција во Чашка за оваа година. На досегашните се даруваа 81 крвна единица.
Стефани Манева