Побаран притвор за осомничениот за убиството во село Богомила
Дваесет и едно годишниот богомилчанец И.Т е осомничен за кривично дело убиство над 39 години постариот сожител во селото. По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка него, осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.
Од Основно јавно обвинителство Велес соопштија дека осомничениот, на 22 јануари, со умисла лишил од живот едно лице.
-Оштетениот 60-годишник дошол до куќата на осомничениот да ги повика својата сопруга, ќерката и помалиот син кои биле во домот на осомничениот да се вратат дома. Осомничениот на тоа излегол надвор и без причина започнал да го удира оштетениот со тупаници во пределот на градите. Ќерката на оштетениот ги раздвоила, но од повредите оштетениот починал, пишува во соопштението на ОЈО Велес.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки за претпазливост за осомниченото лице.
Стефани Манева