Почина 47 годишен велешанец од Ковид-19

Објавено на 20 август, 2021 во 14:33

Претпладнево, починат е пациент на 47 годишна возраст од Велес, кој е лекуван 4 дена на Инфективно одделение, ковид  позитивен,  невакциниран.

Во велешката болница претпладнево, почина пациент на 47 годишна возраст позтивиен на ковид-19. Тој бил лекуван четири дена на Инфективно одделение и не бил вакциниран.

Во моментов во велешката болница се  хоспитализирани 20 пациенти од кои 16 се потврдени позитивни и четворица се сомнителни на Ковид-19.

Од болничките пациенти девет се на кислородна поддршка. До вчерашниот ден во Велес има 78 заболени граѓани од коронавирусот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.