Почина маж од Ковид-19 во велешка болница

Објавено: 2 декември, 2021, во 11:21 часот

Починатиот е на 80 годишна возраст од Велес. Во велешка болница вкупно се хоспитализирани 30 ковид пациенти од кои 17 се потврдени позитивни, тројца се сомнителни и 10 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

-На кислородна поддршка се 12 пациенти. Во велешка болница има 35 слободни кревети на Инфективно одделение и 33 во Модуларна болница , соопшти портпаролката на ЈЗУ Општа болница Велес, д-р Елена Левкова Ќулумова.

Во изминатите 24 часа испишан е еден пациент од болничко лекување.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.