Почина маж од Ковид-19 во велешка болница

Објавено на 21 февруари, 2022 во 11:37

Пациентот бил на седумдесет и шест годишна возраст од село Милино, Свети Николе со коморбидитети и ковид пнеумонија.

Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 35 ковид пациенти од кои 18 се потврдени позитивни, седум пациенти се сомнителни и 10 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

-На Инфективно одделение се лекуваат 15 пациенти, на Интерно девет и на Физикална ковид одделението 11 пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница д-р Елена Левкова Ќулумова

На кислородна поддршка се 15 пациенти.

Од болничко лекување испишан е еден пациент како оздравен.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.