Почина велешанецот проф. Д-р. Јордан Јовев
Во деведесет и третата година од животот, по кратко боледување, почина проф. Д-р Јордан Јовев, редовен професор по психијатрија и неврологија на Медицински факултет во Скопје и Професор на постдипломските студии на Универзитетот во Загреб.
Тој во Велес ќе остане запаметен како прв специјалист по неуропсихијатрија, лекар кој во Домот за здравје или како што велешани го нарекуваат „Уред“ ја отвори првата специјалистичка ординација. Татко е на познатиот кардиохирург Сашко Јовев и добитник е на наградата за животно дело „Гемиџии“.
Професор Јовев во текот на својата многугодишна кариера извршувал низа високи стручни и раководни функции во Македонија, поранешна Југославија, како и меѓународни експертски функции во странство и формирал повеќе стручни институции и служби.
Тимот на Дума.мк изразува сочувство до неговото семејство.