Почина жена на триесет и шест годишна возраст од ковид-19 во велешка болница
Починатата е од село Иванковци и имала церебрална парализа, била неподвижна со дијагнози „Paraplegija“ и „Epilepsija“.
Во изминатите дваесет и четири часа во ЈЗУ Општа болница Велес се примени тројца нови пациенти, на Инфективно одделение, и со нив вкупниот број на лежечки болни изнесува 38 пациенти. Од вкупниот број потврдени позитивни се 28, сомнителен е еден додека негативни резултати на коронавирус имаат девет пациенти. Последниве сеуште се на болничко лекување поради потребата од здравствена грижа и нега.
– На кислородна поддршка се 19 пациенти. Денеска на Инфективно се лекуваат 20 додека на Интерно четворица пациенти и во Модуларна болница се хоспитализирани 14 пациенти, рече портпаролката д-р Елена Левкова Ќулумова.
Од болницата во изминатите 24 часа испишани се шест пациенти.
Убавка Јаневска.