Почина жена од Ковид-19 во велешка болница
Објавено на 17 март, 2022 во 13:19
Пациентката била на седумдесет и едно годишна возраст од Велес со бубрежна слабост и ковид пневмонија.
Во велешка болница хоспитализирани се вкупно осум пациенти од кои двајца се потврдени позитивни и шест пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-На Инфективно и на Интерно Б одделение се лекуваат по четворица пациенти. Има слободни четиресет и шест болнички кревети, соопшти портпаролката на ЈЗУ Општа болница Велес, д-р Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се шест пациенти.
Во изминатите 24 часа примен е еден пациент.
Стефани Манева