Почина жена од Ковид-19 во велешка болница
Објавено на 2 март, 2022 во 11:55
Пациентката била на седумдесет и пет годишна возраст од Велес.
Во ЈЗУ Општа болница Велес хоспитализирани се 22 ковид пациенти од кои 14 се потврдени позитивни, двајца се сомнителни и шест пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-На Инфективно одделение се лекуваат 18 пациенти и на Интерно Б одделение четворица пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница д-р Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се девет пациенти.
Од болничко лекување испишани се двајца пациенти.
Стефани Манева