Починаа маж и жена од коронавирус во велешка болница
Објавено на 16 октомври, 2021 во 14:43
Починатите се од Велес. Маж на 71 годишна возраст, лекуван 15 дена во Модуларната болница и жена на 66 годишна возраст лекувана еден ден исто во Модуларната болница.
Денеска во ЈЗУ Општа болница Велес, вкупно хоспитализирани се 59 пациенти од кои 43 се потврдени позитивни,седум се сомнителни и девет пациенти имаат негативен тест но се задржани на болничко лекување.
Скоро половина од болничките корона пациенти или 28 се на кислородна поддршка.
-На Инфективно одделение се лекуваат 30, во Модуларна болница 19 и на Интерно одделение 10 пациенти. Денеска испишани се четири пациенти како оздравени, со по еден негативен тест, рече д-р Елеонора Јованова портпаролка на велешка болница.
Убавка Јаневска