Починати две жени од Ковид-19 во велешка болница
Објавено на 14 февруари, 2022 во 13:12

Почината е жена на седумдесет и девет годишна возраст од Велес и жена на осумдесет годишна возраст од Свети Николе.
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 62 ковид пациенти од кои 44 се потврдени позитивни, осум пациенти се сомнителни и 10 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. Во изминатите 24 часа примен е еден пациент на болничко лекување.
-На Инфективно одделение се лекуваат 38 пациенти, на Интерно Б одделение 11 и на Физикална – ковид одделението 13 пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница д-р Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се 23 пациенти.
Од болничко лекување испишан е еден пациент.
Стефани Манева
