Показни вежби за евакуација и гасење на пожар во основните и средните училишта во Велес
Во основните и средни училишта во Општина Велес, Територијалната противпожарна единица одржала низа показни вежби за евакуација во случај на пожар како и гаснење на пожар со ПП апарат.
Обуката била спроведена во текот на минатата недела за вработените во општинското основно училиште „Рајко Жинзифов“во Горно Оризари, во Средното стручно училиште „Коле Неделковски“во Велес како и економското училиште „Јовче Тесличков“ во Велес.
Вработени од територијална единица Велес извршиле едукација на вработените за евакуација во случај на пожар и начин на употреба на ПП апарати, евакуација на сите ученици и вработени од училиштето со напуштање на училишната зграда како и практична примена на апаратите за гасење на пожар во училишниот двор.
Овие показни вежби биле спроведени по барање на вработените во основните и средните училишта и истите ќе се спроведат и во основното училиште „Блаже Конески“, основно училиште „Васил Главинов“ како и во средното стручно општинско училиште „Димитрија Чуповски“ во Велес.
Стефани Манева