Поклон пред бистата на патронот Димче Мирчев, песнички, игри и промоција на „Дино парк“ во велешката градинка

Објавено на 7 април, 2022 во 13:13

Дечињата и вработените од детската градинка „Димче Мирчев“ од Велес, денеска, го одбележаа патрониот празник на градинката со песни, игри и положување на свежо цвеќе пред бистата на својот патрон првоборецот Димче Мирчев во дворот на објектот „Сонце“. По повод патрониот празник децата и воспитувачките го прикажаа дино паркот што е дел од неколку месечната работа и процесот на едукација на најмладите велешанчиња коишто се едуцираа за праисторискиот период и животот диносаурисите. Објективот на Дума.мк денеска ги забележи сите случувања поврзани со свеченоста што креативните деца, воспитувачки и персоналот на градинката го подготви по повод патрониот празник.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.