Полицијата фати тројца крадци, од кои еден малолетник, на предмети од неготинска фирма

Објавено на 24 март, 2025 во 14:29

Неготино, рано утрово, во 02:30 часот полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Неготино на регионален пат Неготино – Градско ги лишија од слобода Д.К.(19) од Велес, С.Т.(25) од село Црвени Брегови, неготинско и еден малолетник.

„Тие се затекнати како товарат предмети во патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки и при преглед во возилото пронајдени се предмети кои ги одзеле од двор на фирма во Неготино. Пронајдените предмети и возилото се одземени, за настанот се запознаени адвокат за малолетници, Центар за социјални работи и јавен обвинител. Д.К. и С.Т. се задржани во полициска станица и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.