Полицијата фатила крадец и му ги вратила украдените предмети на ограбен старец во Велес
Објавено на 22 август, 2024 во 13:09
Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера вечер, во 20:00 часот го лишиле од слобода Е.А.(33) од Велес. Тој се сомничи дека од со употреба на сила и алат влегол во домот на 84 годишен велешанец и одзел предмети.
-Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Е.А. бил приведен во полициска станица. Известен бил јавен обвинител, соопшти Биљана Ѓаковска потпаролка на СВР Велес.
Според полицијата, по целосно документирање на случајот против Е.А ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк