Полицијата и Шумската полиција конфискувале дрва од нелегална сеча,во двор на сопственик на куќа и го лишиле од слобода

Објавено на 14 ноември, 2024 во 19:37

Полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишиле од слобода Д.Ј.(21) од село Сливник.

-Полициските службеници, во содејство со преставници од Шумска полиција Велес, а по претходно одобрение од Д.Ј., влегле во дворот од неговиот дом, каде што пронашле огревни дрва без документација. Дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.