Полицијата ќе казнува за паркирање на постојката под Основен суд во Велес

Објавено на 26 септември, 2022 во 15:18
Фото: Постојка под Основен суд Велес

Секторот за внатрешни работи Велес информира дека постојката од левата страна на улицата „Гоце Делчев““, под Основен суд Велес, исклучиво  наменета е за паркирање и запирање на службени возила на Основниот Суд Велес . Но на неа многу малку можат да се видат службените возила на оваа институција. Просторот секојдневно го користат приватни возила на граѓани кои континуирано не го почитуваат поставениот сообраќаен знак.

Затоа СВР Велес, почнувајки од денес, 26 септември 2022 година започна да презема репресивни мерки. Поточно изрекуваше опомена кон несовесните возачи и најави дека ќе започне со изрекување на прекршочна мерка „погрешно паркирање“ којашто е казна со паричен износ од 45 евра во денарска вредност.

Од СВР Велес упатија апел до граѓаните да го почитуваат сообраќајниот знак и да бидат совесни учесници во сообраќајот.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.