Полицијата, во координирана акција, запленени 283 килограми шверцуван тутун на автопатот, кај Црвени Брегови

Објавено на 28 април, 2025 во 15:22

Во координирана акција помеѓу РЦ за ГР Југ – ОПКМСР, ПС за ГН Михајлово, ОВР Неготино – НК за КР, Оддел за криминалистичка полиција при БЈБ и СВР Скопје, вчера 27 април, во Неготино беа откриени и запленети 283 килограми тутун, спакуван во пакувања од по 450 грами. Притоа приведени се три лица осомничени за кривично дело по член 278 – б „Прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и по член 279 – б „Избегнување на плаќање на Акциза“ согласно КЗ на РСМ.

„Имено вчера, околу 07:30 часот, од страна на полициски службеници од ПС за ГН Михајлово на Автопатот Градско-Неготино во близина на Црвени Брегови биле забележани две патнички моторни возила со скопски регистарски таблички,   ,,Шкода Октавија“ и „Ауди А6“ кои што напоредно се движеле по патот. На знак „стоп“ возилото „Шкода октавија“ не запрело, ја зголемило брзината и се упатило кон Неготино, но набргу од страна на полициски службеници било сопрено во градот. Од извршениот преглед на возилото управувано од лицето С.Ф. (30) од село Љуботен, скопско, било констатирано дека возилото е натоварено со 29 црни вреќи во кои имало жолти пакувања од 450 грама тутун со вкупно 283 килограми, без никаква документација за потеклото, со што е причинета материјана штета на буџетот во вреднос од 2.704.340,05 денари. По насоки на надлежен ЈО набргу се приведени и двете лица кои што биле во патничкото возило „Ауди А6“, Р.Ф. (37) од село Љуботен скопско и возачот на истото С.А.(41) од Скопје, “ соопшти Министерство за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека на лице место извршен е увид од страна на инспектори од ОПКМСР при РЦ за ГР Југ и НК за КР  при ОВР Неготино. По целокупното документирање на случајот, против осомничените ќе биде поднесена соодветна пријава.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.