Полициски билтен: Тепачка, нарушен јавен ред и мир и обид за напад на син над мајка

Објавено на 7 август, 2023 во 15:27

Полициски службеници од ОВР Неготино денеска го лишиле од слобода Д.Ј.(25) од Неготино осомничен дека помеѓу ул.„Марксова“ и ул.„Вардарска“ во Неготино физички го нападнал Т.К.(34) од Неготино, при што употребил дрвен предмет. Напаѓачот бил задржан во Полициската станица во Неготино.

Ноќеска, три часа по полноќ, во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека пред угостителски објект во Кавадарци бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.П.(35) од Кавадарци и уште едно лице, од една и од втора страна од И.С.(27) и С.Ј.(29) од с.Мелница, општина Чашка.

Вчера,исто така, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Г.Н.(37) од Демир Капија затоашто во семејниот дом во Демир Капија се обидел физички да ја нападне неговата мајка. Лицето било задржано во Полициската станица во Неготино.

“По целосно документирање на случаите од полицијата ќе следуваат соодветни поднесоци,“ соопштија од СВР Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.