Полициски службеници ги советуваа кавадарчани како да се заштитат од тешки кражби

Објавено на 18 ноември, 2022 во 10:15

Превентивна активност под мотото „Заштити го домот од кражби – Безбедност на вашиот дом“, вчера, беше спроведена низ улиците во Кавадарци. Полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци во непосредна комуникација со граѓаните разговараа за проблематиката со тешки кражби во домовите но и со измамите на коишто најмногу се подложни пензионерите.

За време на превентивната активност, полициските службеници делеа летоци со едукативни содржини за препознавање и превенција од имотни деликти но и за потребите од соработка и благовремено известување на полицијата за спречување и откривање на ваквите појави.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.