Полициски службеници спроведоа едукативна кампања „Не користи пиротехнички средства“ во Свети Николе
Полициски службеници за превенција при Одделение за внатрешни работи Свети Николе, вчера, спроведоа едукативна кампања под мотото – „Не користи пиротехнички средства“ со цел да не се користат пиротехнички средства за претстојните празници.
-Мотивот на превентивната кампања беше да се опфатат што повеќе категории на граѓаните, но пред се најмладите, и да им се укаже за можните опасности и последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, појава посебно актуелна пред и за време на новогодишните и Божиќните празници, како и потенцирање на казнените законски одредби за неовластена употреба на пиротехнички средства на јавно место, што претставува општа опасност со која се загрозува сигурноста и безбедноста на граѓаните, соопштија од Министерство за внатрешни работи.
Полициските службеници на повеќе локации во Свети Николе разговараа со граѓаните и делеа едукативни печатени материјали изработени во соработка и поддршка со УНДП, со содржини околу штетноста и последиците од нелегалната употреба на пиротехника.
Дума.мк