Полициските службеници од Велес, повторно учествуваа во крводарителска акција
Објавено: 30 септември, 2021, во 11:23 часот
Во просториите на Сектор за внатрешни работи Велес, во текот на вчерашниот ден, се одржа традиционална крводарителска акција. За време на акцијата биле собрани 19 крвни единици и на овој начин вработените во полиција уште еднаш ја докажаа нивната хуманост.

Организатори на оваа акција се Црвен крст на РСМ организација Велес заедно со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Инаку во СВР Велес, секоја година традиционално по два пати се одржува крводарителска акција.
Стефани Манева


