Положено цвеќе по повод 202 години од раѓањето на Јордан Хаџи Константинов Џинот
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/12/01-1-1024x512-1.jpg)
Делегација на Општина Велес, по повод 202 години од раѓањето на Јордан Хаџи Константинов Џинот положи свежо цвеќе на неговиот гроб во црквата СВ. Спас.
Велешанецот Џинот е првиот македонски драмски писател и просветител. Роден е во 1821 година на Прцорек, од левата страна на Вардар. Својата учителска дејност ја започнува во 1838 година со воведување на народен македонски јазик во училиштата.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/12/DSC_0759.jpg)
Во исто време, тој прв воведува современ начин на одржување на наставата со нови предмети преку кои учениците освен со знаење се стекнувале и со трговски и занаетчиски вештини. Освен со учителствување, Џинот се занимава и со пишување учебници, го напишал првиот буквар „Таблица перваја“, пишувал статии за весници во Белград, пишувал литературни творби а собирал и народни умотворби.
Во своето училиште работел до крајот на својот живот.
Дума.мк
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)