Поради асфалтирање, повторно затворена за сообраќај делницата Велес – Градско
Објавено на 12 јули, 2023 во 09:35

Делницата Велес – Градско повторно е затворена за сообраќај поради асфалтирање, информираат од Авто мото сојуз на Македонија. Забраната ќе трае од денеска, 12 јули, па се до сабота, 22 јули, во период од 08:00 до 18:00 часот.
Претходно, делницата беше затворена од 4 до 8 јули, годинава.
Оттаму додаваат дека сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено по суви коловози.
Дума.мк
