Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Велес и Институт „Ромалитико“

Објавено на 10 септември, 2021 во 15:38

Општината и Институтот за истражувања и анализа на политики „Ромалитико“ од Скопје потпишаа меморандум со којшто, во наредниот период, се договорија да соработуваат во реализацијата на повеќе активности меѓу коишто и во следење на промените и проблемите во заедницата, застапување на предлозите на граѓаните како и соработка со институциите на локално ниво со цел да се подобрат услугите и правата на жителите од ромската заедница.

Проектот предвидува формирање на проектни тимови во кои ќе учествуваат претставници на општината од секторите урбанизам, социјална заштита како и други области на надлежности.

Воспоставената взаемната соработка е во рамките на проектот за инклузија на ромите, финансиски поддржан од УСАИД. Меморандумот го потпишаа  Градоначалникот Аце Коцевски и м-р Елвис Шакири, извршен директор на Институтот за истражувања и анализа на политики „Ромалитико“ од Скопје.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.