Потребна помош од граѓаните за лекување на велешанката Јованка Атанасовска
Објавено на 21 јуни, 2023 во 15:48
Четириесет и пет годишната Јованка Атанасовска боледува од мултиплекс склероза. За лекувањето коешто чини 10.000 евра семејството Атанасовски побараа помош од граѓаните.
Атанасовска потребно е да се лекува три месеци во болница во Ниш, но семејството само не може да ги обезбеди потребните финансиски средства. Велешани, како и многу пати до сега покажете ја вашата хуманост преку донации кој колку може за што се отворени донаторски сметки и мобилни телефонски броеви.
Преку вашите донации да покажеме повторно дека Атанасовска не е сама, не има сите нас кои можеме да и помогнеме да ја извојува тешката битка.
Дума.мк