Повторно казнети возачи коишто не пропуштиле пешаци на територија на СВР Велес
Објавено на 3 февруари, 2022 во 13:19

Полициски службеници вчера, повторно спровеле три часовна акциска контрола на возачи коишто не даваат предност на минување на пешаци на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес.
-За време на акциската контрола од 14:00 до 17:00 часот биле констатирани и санкционирани девет прекршоци, стои во дневниот билтен на Министерство за внатрешни работи.
Оттаму апелираат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови.
Стефани Манева
