Пожар во село Карабуњиште, ќе го гасне и полициски хеликоптер (видео и фото)
Пред околу два часа огнот го зафатил селото Карабуњиште. Чадот што се гледат од автопатот Скопје – Велес е од огнот што гори во селото. Пожарот е пријавен во Центар за управување со кризи од страна на велешани, кои патувале по автопатот како и од шумарски работници. Тие досега го гаснеле пожарот. И на Дума.мк граѓани и испратија видеа и фотографии.
-Само што пристигнаа и тројца пожарникари со противпожарно возило на ТППЕ Велес во село Карабуњиште. Тие патувале 1:40 минути за да стигнат и започнаа да го гаснат пожарот. Се подготвува хеликоптер на МВР, Ми-171, којшто ќе се вклучи во гаснењето на огнот, рече Горан Стојановски од Центар за управување со кризи.
Во село Карабуњиште, според последните информации на ЦУК, немало луѓе. Селото било сосема празно.
Убавка Јаневска