(видео) Пожарите во светиниколско се активни, тие спаѓаат во групата на најсериозни пожари во државата
Пожарите во светиниколско во моментов спаѓаат во групата на најсериозни пожари коишто предизвикуваат најголема опасност на територија на државата, ова во видео изјава го соопшти директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Пожарите кај село Макреш, село Горно и Доло Ѓуѓанци, село Строиманци, село Ранченци како и оние пожари од страна страна кои се во насока на Кочани, поточно над селоата Ерџилија, Немањци и село Малино.
Според изјавата на Ангелов, ситуацијата на ниво на држава е тешка но не и алармантна. Тој упатува апел до граѓаните да не објавуваат апели за собирање на луѓе бидејќи како држава имаме доволно припадници на армијата и полицијата и доколку се побара засилување од страна на градоначалниците или командирите на ТППЕ, ќе бидат испратени толку колку што е потребно.
-Граѓаните не секаде можат да бидат од корист, напротив некаде може и да пречат при работењето на професионалните служби на пожарникарите, на полицијата, на доброволците пожарникари, на национални шуми. Граѓаните можат да бидат корисни во одбрана на населените места, поточно кога огнот загрозува некое населено место, додава Ангелов.
Погледнете ја целосно видео изјавата на Ангелов.
Од ЦУК додаваат дека обезбедена е и меѓународна помош со ЕУ мејанизмот на цивилна заштита поточно еден хеликоптер на Србија (Agusta Bell 212) утрово во 09:45 часот веќе слета на скопски аеродром, вечерва се очекува да пристигне и еден хеликоптер од Чешка (Black Hawk) со капацитет на ведро од 3 тона, а во наредниот период треба да пристигнат и два ер трактори од Германија.
Стефани Манева