Пожарот кај село Пепелиште го затвори за сообраќај регионалниот пат Неготино – Штип
На регионалниот пат Неготино – Штип кај село Пепелиште сообраќајот за сите видови возила е во прекин од вчера, од 16:15 часот, поради безбедноста на учесниците во сообраќајот поради пожарот којшто е активен веќе неколку дена.
Од центарот за управување со кризи соопштија дека од ТППЕ Неготино пријавени се два пожари поточно пожарот кој започна пред шест дена на планината Серта, на потегот на Армискиот АБХ Полигон во правец на територијата на општина Штип како и пожарот во месноста Дуњица, помеѓу селата Калањево и село Брусник.
-И на двата активни пожари гори висока шума, мешавина од даб, смрека и бор, како и ниска вегетација, грмушки и нискостеблеста шума. Пожарите имаат голем опфат околу 8 км пречник. Ангажирани сили за справување со пожарите во вчерашниот ден хелихоптери, еден на АРСМ и еден Полициски кои интервенирале во утринските часови кај Серта . Во гасење на пожарот учествуваа припадници на АРСМ и Полициски единици, објаснуваат од ЦУК.
Исто така додаваат дела од локални сили ангажирани се ТППЕ Неготино со 10 пожарникари и еден џип и две циестерни, потоа ТППЕ Прилеп со 10 пожарникари и еден џип, ТППЕ Кавадарци со четворица пожарникари и еден џип, доброволно друштво Кочани со 10 пожарникари, ловечко друство Неготино со 10 лица и два џипа, четворица мештани со еден џип, ЕВН Македонија со шест лица и два џипа, ЈП Национални шуми подружница Демир Капија со 15 лица, еден камион и два џипа, ЈП Комуналец Неготино со две цистерни и четири лица, ЈП Комуналец Кавадарци со еден багер, еден булдужер утоварач, Градба промет со еден булдужер, ЈА Ми Комер Кавадарци со еден багер гумаш, Анел Мак Кавадарци со еден булдужер, една амбуланта / пожарна Кавадарци со четири лица, тројца од Брза Помош Неготино, противпожарно друштво Неготино со пет лица То Транс 95 со едно возило и пет лица.
Дума.мк