Пожарот во Дурутовец и Чолошово е локализиран од пожарникарите и одговорни велешани
Пожарот кој вчера доцна попладне избувна на велешката градска депонија во Велес и се прошири кон селата Дорутовец и Чолошево ноќеска околу полноќ беше локализиран. Го локализираа две одделенија на велешката Територијална противпожарна единица со 10 пожарникари, две противпожарни возила со помош на голем број совесни и одговорни граѓани кои веднаш се организираа и учествуваа во гаснењето на огнот.Веста за локализирање на пожарот на својот фејсбук профил ноќеска ја објави Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски. Тој напиша:
„Со брза и навремена интервенција на пожарникарите од ТППЕ Велес и локалното население, локакизиран и ликвидиран е пожарот над Дурутовец и Чолошево. Постоеше опасност заради ветрот да се доведат во опасност населените места. Спасени се четири викенд куќи. Материјалните штети ќе бидат проценети утре, денски.Истовремено дел од пожарникарите беа на помош во Куманово каде што успешно ја завршија работата“, напиша Градоначалникот Коцевски.
Исто така, во текот на вчерашниот ден едно противпожарно возило со 6 пожарникари помагаа во гаснењето на пожарот во кумановско Табановце.
Велешките пожарникари ноќеска и денеска се присутни на опожарената површина. Тие надгледуваат и контролираат.
Убавка Јаневска