Пожарот во село Карабуњиште зафатил три куќи, покрај велешките пожарникари се интервенирало и со полициски хеликоптер
Шумскиот пожар во село Карабуњиште, вчера зафатил една куќа во која не живеел никој, а е во сопственот на П.К и две стари напуштени куќи кои се со непознати сопственици, информираат од Сектор за внатрешни работи Велес. Пожарот бил изгаснат од д екипа од Територијална против пожарна единица Велес а повредни лица нема.
-Во 14:55 примена и ТППЕ Велес излезе на лице место со 1 против пожарно возило и 3 пожарникари спасители. По пристигнување на лице место пристапено е со гасење на пожарот кој се ширеше во селото. Во пожарот се вклучи и полицисли хеликоптер кој им помогна на нашите колеги за стишување на огнената стихија за да можат целосно да ја ликвидираат. Пожарот е целосно изгаснат, соопштија од ТППЕ Велес.
Од СВР Велес додаваат дека бил извршен увид.
Дума.мк