Пред 113 години во Велес се роди Коста Солев Рацин

Објавено на 22 декември, 2021 во 13:15

На 22 декември пред 113 години  роден е Коста Солев Рацин, авторот на стихозбирката „Бели мугри“  поради која се смета за основоположникот на современата македонска литература .

Кочо Рацин е роден во Велес , 1908 година во семејството на Марија и Апостол Солеви. Поради сиромаштија го прекинал школувањето во II клас нижа гимназија и му се посветил на татковиот, грнчарскиот занает. Но, секој слободен момент го користел за читање, повлекувајќи се на таванот и учејќи на свеќа. Ги читал делата на најистакнатите марксисти, социолози, писатели и мислители.

Гимназија Кочо Рацин“ во Велес
Спомен куќата на Коста Солев Рацин

Псевдонимот Рацин го зел по неговата љубов Рахилка Фирфова Раца  на која и ги посветил стиховите од „Антологија на болката“. Меѓу двете светски војни станал член на Комунистичката партија на Југославија. Во 1939 година, во Самобор, до Загреб, била отпечатена на македонски јазик стихозбирката „Бели мугри“. Книгата била забранета, но сепак брзо се раширила меѓу македонското население.

Мурал во градот
Мурал насловен „Ленка“

Во негова чест востановени се културните манифестации  „Рацинови Средби“ и „Детски Рацинови Средби“ што секоја година се одржуваат во Велес. Во родниот град Гимназијата го носи неговото име, поетот и револуционер има два споменика,неколку мурали и јавно објавени делови од творештвото на објекти. Најзначајна е неговата родна куќа што е претворена во спомен куќа.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.